Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД САД: Ова е рецепт за успех

ХРВАТСКИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД САД: Ова е рецепт за успех

Хрватски претприемачи од дијаспората сакаат да вложуваат во нејзината економија но бараат сигурност и одат таму каде што системот е јасен и ефикасен, речено е на еден собир во Загреб.

Мат Дарко Сертиќ, претприемач од Калифорнија, кој вложува во својот роден Сисак, сугерирал на собирот дека треба да има повеќе вложувања во туризмот, а не во земјоделието и ја истакнал важноста од создавање нови вредности преку ресурси.

Давид Тудоровиќ, кој го претставува семејното царство „Давалган груп“ од Австралија, а кој во изминатиот период многу вложувал и во Хрватска, се согласил со Сертиќ, додавајќи дека на државата не треба целосно да се потпираат, но дека треба на неа да влијаат за да функционира колку што може подобро.

Во претприемачкиот свет е потребна оптимистичка клима бидејќи покрај тоа што секогаш постои ризик, е можно да се успее. Австралискиот адвокат кој веќе со години им помага на странските инвеститори во Хрватска Дон Маркушиќ при таа прилика истакнал дека тајната на успех во Хрватска е упорноста.

„Потребно е навистина многу време. Дијаспората исто така може со своето искуство да успее и да и помогне на Хрватска“, заклучил Маркушиќ.

Марио Дужиќ, како Хрват кој со години живеел во Америка, го споделил својот рецепт за успех во Хрватска: вљубете се во компанијата и вложете полно енергија.

Слично

Поврзани вести