Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКИ НАУЧНИК ОД ОКСФОРД: Во Британија има само еден смртен случај на 4 милиони вакцинации, а од ковид е еден спрема 46

ХРВАТСКИ НАУЧНИК ОД ОКСФОРД: Во Британија има само еден смртен случај на 4 милиони вакцинации, а од ковид е еден спрема 46

По неколку месеци локдаун, пред две недели се отвори Велика Британија - продавници, маркети, фризери и салони за убавина, спортски сали, паб тераси ...

Таа прва ноќ на слобода помина така што улиците беа полни со претежно помлади луѓе, а на терасите на пабовите се бараше повеќе простор. Ова е првиот чекор кон постепено отворање на британската економија.

Професорот од универзитетот Оксфорд, Кристијан Рамадан беше гостин во Студио 4 во Хрватска и рече дека не го прославил отворањето, затоа што, според него, не е време да се слави.

„Велика Британија покажа добар тренд бидејќи локдаунот беше жесток, а таму, исто така, спроведоа интензивно вакцинирање, заштитувајќи со тоа повеќе од 95 отсто од ранливата популација“, рече тој за ХРТ.

„Сега се покажуваат одлични резултати, инфекцијата е многу мала и немаме голем број смртни случаи“, додаде тој.

Вакцинацијата во Британија започна со вакцината Фајзер во декември и вакцината АстраЗенека во јануари. Тој вели дека тоа оди одлично и дека нема премногу несакани ефекти, што и се припишуваат на АстраЗенека и дека тоа се многу ретки случаи.

„За жал, има еден смртен случај на 4 милиони вакцинации, но ако се спореди со ковид, каде има еден смртен случај на 46 лица, нема што многу да се спореди. Може да се види дека вакцината помага, и нормално е дека понекогаш има се одредени несакани ефекти кај некои лица“, додаде тој.

Тој истакна дека треба да се вакцинираме, без оглед каква вакцина, дека нема страв и треба да се охрабруваат луѓето да се вакцинираат.

„Во Велика Британија нема дилема со која вакцина да се вакцинира, со која вакцина да се вакцинираат, резултатите се видливи“, рече тој.

Извор и фото: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести