Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКИ ЛЕКАР ВО ШВЕДСКА: Платата ми е 33.000 куни месечно

ХРВАТСКИ ЛЕКАР ВО ШВЕДСКА: Платата ми е 33.000 куни месечно

Хрватски лекар кој заминал да работи во Шведска, за Слободна Далмација раскажува како се снаоѓа таму по година дена.

Тој вели дека одлуката не ја донел на брзина, ниту поради пишувањата за високи плати.

„Во текот на студиите бев месец дена на размена во Холандија и имав прилика да запознам многу луѓе и да видам како се работи надвор. Со тек на време ми се јави желба да отидам и јас и да ја пробам среќата во странство. Првата идеја беше Осло, но околностите ме однесоа до Стокхолм. По завршен факултет, приправнички стаж и положен државен испит работев во шведска фармацевтска компанија во Загреб. Стекнав нови знаења и мислев што понатаму. Ми се допадна шведскиот начин на работа, услови и истата година почнав да учам шведски јазик“ - вели тој.

Раскажува дека во земјата каде престојува само еднаш годишно се разговара со шефот и тоа кога се преговара за покачување на плата.  Во Шведска платите годишно се зголемуваат од 1 до 3%, а во Хрватска тоа го нема. Додава дека таму има можност да се работи 40 или 50% од работата.

„Ако имате мали деца или сакате одмор ќе работите помалку, а ако работите на истражување ќе ве ослободат од работа“ - раскажува лекарот.

Вели дека платата му е 33.000 куни така што месечно заштедува колку една хрватска докторска плата.

Слично

Поврзани вести