Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватски лекар откри кој е виновен за катастрофата во Загреб - Ѓоковиќ не направил пропуст, откриена е вистината

Хрватски лекар откри кој е виновен за катастрофата во Загреб - Ѓоковиќ не направил пропуст, откриена е вистината

Раководителот на медицинската служба на Хрватската тениска асоцијација, д-р Игор Бориќ, вели дека Григор Димитров не пријавил дека не бил добро и дека чувствува некои симптоми на вирусот, иако бил во контакт со него, пишува српски Курир.

„Бев во контакт со Димитров, се слушнавме преку телефон. Тој ми се обрати во четвртокот наутро во врска со болката што ја чувствувал во лактот“, рече Бориќ.

Бугаринот не му спомнал на лекарот дека се чувствува лошо.

„Тој не ми кажа ништо за тоа, така што немам никакви информации за тоа“.

Хрватскиот доктор смета дека организаторите на турнирот не погрешиле, но хрватската публика направила пропусти.

„На трибините имаше премногу луѓе и публиката не го почитуваше социјалното растојание и редовната дезинфекција на рацете. Сите денови освен на финалето, имаше доволно место на трибините да се направи раздалеченост, но луѓето не се придржуваа кон тоа“, рече д-р Бориќ.

фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести