Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватски хеликоптер за малку ќе се урнел во спасувачката мисија за поплавите во БиХ!

Хрватски хеликоптер за малку ќе се урнел во спасувачката мисија за поплавите во БиХ!
Хеликоптер МИ-6 на Хрватската војска за малку избегнал катастрофа во Босна и Херцеговина, додека учествувал во операцијата за санирање на последиците од поплавите и доставувањето на производи за основни животни потреби на населението во погодените области. Пилотот на хеликоптерот забележал дека од леталото излегува чад и принудно го спуштил недалеку од Грачаница. Локалното население го забележало хеликоптерот кој летал толку ниско што се чинело дека ќе удри во куќите и електричните кабли. Припадници на Хрватската војска веќе осум дена се во Босна и Херцеговина и со хеликоптери од руско производство МИ-6 се обидуваат да му помогнат на локалното население на релација Љубушки-Шамац-Сараево да се справи со катастрофалните поплави.
Слично

Поврзани вести