Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватски град забрани ноќна продажба на алкохол

Хрватски град забрани ноќна продажба на алкохол

Макарска ја забрани продажбата на алкохолни пијалаци во трговските објекти во ноќните часови, со што стана прв град во Хрватска што воведува ваква мерка, јави хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Забраната ќе важи на територијата на целиот град од 21 часот навечер до 6 часот наутро и се однесува на сите продавници и други трговски објекти, меѓу кои и пекарници и продавници за тутун. Работното време на трговските објекти останува непроменето, а ограничувањето не се однесува на рестораните.

„Решението е насочено кон воспоставување рамнотежа меѓу квалитетот на животот на граѓаните, економскиот интерес, потребите на посетителите, како и зачувувањето на културното наследство и идентитетот на градот, во согласност со определбата на Макарска за развој што е одржлив и во служба на граѓаните“, се наведува во соопштение на општината, цитирано од „Јутарњи лист“.

Од Општина Макарска потсетуваат дека за време на летните месеци, особено во стариот дел на градот и на градските плажи, се бележат масовни собирања на јавни простори, кои често се проследени со силна бучава, непристојно однесување, создавање големи количества отпад и чинoви на вандализам во историското јадро.

foto Wikipedia/SKas

Слично

Поврзани вести