Хрватски доктор: Нема смисла тестирањето, ако бројот на позитивни е над 50 отсто
МИЛИВОЈ НОВАК, заменик директор на КБЦ Загреб, за Н1 коментирајќи го бројот на тестирања во таа болница, тој посочува дека проблемот е што е постигнат максималниот можен број на тестирани.
„Вчера тестиравме 620 пациенти, не можеме да тестираме повеќе од тоа, а кога процентот ќе надмине 50 проценти позитивни, дали воопшто има смисла да се тестираат повеќе? Сите се заразени“, рече Новак.
Тој се надева дека колапс на здравството нема да се случи, бидејќи имаат и план Б и план Ц и добро се подготвени.
„Во теорија, можно е се да пропадне, но не верувам дека тоа ќе се случи“, рече тој.
Слично
