Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКИ БИЗНИСМЕН ПРЕДЛАГА НАЈРИГОРОЗНИ МЕРКИ ЗА АНТИВАКСЕРИТЕ: Кој не сака да се вакцинира, сам да си го плати лекувањето и да им се забрани влез во продавница

ХРВАТСКИ БИЗНИСМЕН ПРЕДЛАГА НАЈРИГОРОЗНИ МЕРКИ ЗА АНТИВАКСЕРИТЕ: Кој не сака да се вакцинира, сам да си го плати лекувањето и да им се забрани влез во продавница

Основачот на една хрватска компанија за локалните медиуми изјави дека епидемиолошките мерки во Хрватска требало да бидат уште построги отколку што се.

Бранко Роглиќ, основачот на „Орбико“ и претседател на Управниот одбор на таа компанија, зборувајќи за последиците од епидемијата на корона вирусот врз економиите ширум светот, смета дека ситуацијата во Хрватска е многу сериозна и дека луѓето се однесувааткрајно неодговорно.

-Мислам дека пред неколку месеци требаше да се воведат построги епидемиолошки мерки. Ситуацијата во Хрватска и во светот е многу сериозна, а ние како луѓе се однесуваме прилично ноншалантно. Јас не сум за нови карантини. Јас сум за задолжително вакцинирање на луѓето. Сметам дека секој што не бил двапати вакциниран, или нема потврда за ковид, да не смее да влезе во продавница, или здравствени установи. Доколку некој не сака да се вакцинира, да ги сноси трошоците за неговото лекување од корона вирусот, истакна Роглиќ.

Според неговата проценка, состојбата со пандемијата е многу посериозна отколку што им изгледа на многумина.

-Сите мора да се вакцинираат со оправдани исклучоци, ако некој нема потврда да не оди во продавница, училиште, болница, кино...Ако некој не сака да се вакцинира, би можел да живее дома, сам. , додека не помине епидемијата, смета хрватскиот бизнисмен Рогиќ.

ФОТО: YouTube Print screen

Слично

Поврзани вести