Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватски аналитичар тврди дека господар на Европа е Турција

Хрватски аналитичар тврди дека господар на Европа е Турција
Раководителот на загребачкиот институт за европски и  глобални студии, Анѓелко Милардовиќ вели дека терористичките напади во Брисел се напади на симболите на ЕУ, за која вели дека функционира како „швајцарско сирење“, а господар на Европа моментално е Турција. Тој вели дека Европа е полна со „дупки“ што се гледа по тоа колку време им е потребно на државите за консолидација за мигрантската криза. Тврди дека Европа капитулирала пред барањето ан Велика Британија за посебен статус пред 20-ина дена, што не е фактор кој ги поврзува земјите. „Во однос на бегалската криза, господар на Европската Унија моментално е Турција, што и да мислиме за тоа. Таа ги држи клучевите и може да диктира“-вели Милардовиќ, коментирајќи ги вчерашните напади во Брисел. Тој додава дека Европа ќе има долгорочни и катастрофални последици.  
Слично

Поврзани вести