Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватската влада попушти, ја продава „Кроација ерлајнс“

Хрватската влада попушти, ја продава „Кроација ерлајнс“
Владата на Хрватска планира да продаде до 49% од акциите во националниот авиопревозник„Кроација ерлајнс“,пренесе агенцијата Бета. Најдоцна до 15 октомври ќе биде отворен повикот, а како што прецизираат од Загреб сега се размислува за две варијанти за приватизацијата - директна продажба на акциите или зголемување на капиталот на превозникот. Плановите предвидуваат приватизацијата да заврши до крајот на февруари. Неколку авиокомпании се заинтересирани за удел во „Кроација ерлајнс“, а делегација од земјата ќе замине во Индонезија, каде што ќе разговара со министри и шефови на неколку компании во областа на транспортната инфраструктура, дополнуваат агенциите. Според хрватскиот весник Јутарњи лист досега интерес за савиокомпанијата покажаа Garuda Indonesia, China Southern Airlines и Etihad, која неодамна купи 49% од српската ЈАТ. Според текстот во веникот, Владата на Хрватска се надева дека со привлекувањето на азиски инвеститор аеродромот во Загреб, тој ќе се претвори во центар за транспортни врски меѓу Европа, Блискиот Исток и Африка. Првично владата во Загреб не планираше да ја приватизира националната авиокомпанија, а неколку пати дури и целосно ја отфрлаше идејата. Откако сепак земјата се приклучи кон Европската унија од 1 јули, авиокомпанијата излезе на еден доста конкурентен пазар со строги ограничувања за можностите за државна помош. Идејата на властите во Хрватска за продажба на акциите во „Кроација ерлајнс“ се соочи и со тешки критики. Хрватските економски аналитичари и лидери на синдикатите предупредија од „опасноста од продажба на преостанатото национално богатство“.    
Слично

Поврзани вести