Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКАТА ВЛАДА ГИ ОДМРЗНУВА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА - од утре тие ќе се формираат слободно и се очекува да бидат пониски

ХРВАТСКАТА ВЛАДА ГИ ОДМРЗНУВА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА - од утре тие ќе се формираат слободно и се очекува да бидат пониски

Хрватска ги одмрзнува цените на горивата во таа земја, откако беа замрзнати два месеци.

На одржаната седница на Владата, утрово, хрватскиот премиер рече дека од утре цените треба да бидат пониски.

„Благодарение на навремената акција, го запревме влијанието на цените на горивата врз граѓаните и претприемачите и денеска ќе ја укинеме таа одлука“, рече Пленковиќ.

„Со оглед на тоа што откако беше воведена оваа одлука, дојде до пад на цената на нафтата на светските берзи, неопходно е да се донесе уредба за укинување на уредбата што ја донесовме. Во изминатите два месеци ги стабилизиравме условите на домашниот пазар. Оваа уредба ја исполни својата цел. Од утре слободно ќе се формираат цените на нафтата и нафтените деривати. Со оглед на стабилизирањето на цените на светските берзи, а новите цени кои ќе стапат на сила, со оглед на ситуацијата, треба да бидат пониски“, изјави министерот Чориќ.

„Го ставаме указот вон сила, важно е сите да разберат дека ја имаме оваа алатка со свои раце и дека ќе ги заштитиме сите од последиците на кризата“, рече Пленковиќ.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести