Хрватска заради Брегзит може итно да го воведе еврото?
Германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung пишува дека по излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе се забрза процесот за довршување на монетарната унија.
Осум земји членки на ЕУ кои досега не го користеле еврото како средство за плаќање можеби ќе мора да ја воведат заедничката валута, пишува Daily Express.
Данска, Шведска, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија можеби ќе се најдат пред ултиматум кој ќе им го наметне шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Тој сака по Брегзит сите овие земји да ги поврзе со заедничка валута и да се комплетира европската монетарна унија.
„Ако се оставри оваа цел за воведување на еврото во сите земји членки на ЕУ, челниците на ЕУ мора сериозно да се подготват за следниот чекор на поврзување на Европа- даночна унија“ - пишува tportal.
Претходната недела чешкиот министер за надворешни работи, Љубомир Заоралек кажа дека шефовите на ЕУ и нивните бирократи се негативен симбол на федерализмот, и од ова Британците сакаат да побегнат по секоја цена.
