Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА ВО РИЗИК ОД НЕДОСТИГ ОД ЛЕКОВИ? - поради голем долг на Владата најголемата веледрогерија Медика ја прекинува испораката во болниците

ХРВАТСКА ВО РИЗИК ОД НЕДОСТИГ ОД ЛЕКОВИ? - поради голем долг на Владата најголемата веледрогерија Медика ја прекинува испораката во болниците

Од денеска, најголемата хрватска веледрогерија за големопродажба „Медика“ ја прекинува испораката на лекови и медицински материјали до сите болници, освен до онаа во Ловран, потврди претседателот на бордот на Медика, Јасминко Херцег за „Нови лист“.

„Со оглед на тоа што нема одговор од Владата, дури ниту најава за разговори по нашите предупредувања, решивме дека од денес ниту една кутија со лекови нема да оди во ниту една болница што не ги исполнува законските рокови за исплата од 60 дена, а тоа се сите болници во Хрватска, освен онаа во Ловран“, изјавил Херцег, а пренесува Индекс.хр.

Тој нгласил дек долгот кон нивната веледрогерија пораснал на повеќе од две милијарди куни, а во овој квартал доставивме стока во вредност од околу една милијарда куни, додека, пак, од Владата им исплатиле максимум до сто милиони куни. 

„Владејачката партија не нуди никакво решение, министерот за здравство, Вили Берош, дури и не одговара на телефон“, изјавил Херцег за Нови лист.

Тој додаде дека на овој начин владата го загрозува работењето на компанијата, исплатата на обврските кон државата, па дури и платите на работниците и дека нема друг избор освен веднаш да ја прекине испораката, бидејќи нема повратна информација дека проблемот може да биде решен.

Трговците на големо предупредија на почетокот на неделава дека до крајот на месецот, вкупниот долг на државата за лекови, поточно болници кон веледрогерии и Хрватскиот институт за здравствено осигурување за аптеки за лекови на рецепт, ќе достигне шест и пол милијарди куни. Од таа сума, четири и пол милијарди куни паѓаат на долг на болниците кон веледрогериите.

Минатата година државата од буџетот издвои 2,24 милијарди куни за болници за да го исплати долгот на трговците на големо, но минатата година долгот се зголеми за околу 750 милиони куни, а од почетокот на оваа година се зголеми за дополнителни половина милијарда куни.

Извор Индекс.хр

Слично

Поврзани вести