Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска во рецесија и во првиот квартал од 2013 година

Хрватска во рецесија и во првиот квартал од 2013 година
Рецесиските трендови во Хрватска ќе продолжат и во првите шест месеци од 2013 година,  па дури во втората половина од годината може да се очекува бавно економско опоравување. Според извештајот на Хрватската народна банка (ХНБ), растот на хрватската економија во 2013 година ќе биде многу низок и ќе изнесува околу 0,3%. Според аналитичарите на ХНБ, сртуктурните реформи во економијата се клуч за забрзување на растот на среден рок. „Хрватска во 2012 година ја намали макроекономската нерамнитежа, но не успеа преку структурни реформи да створи претпоставки за динамизирање на растот„ се вели во последната публикација на Централната банка на Хрватска. Во 2012 година буџетскиот дефицит се намали, но во исто време се зголемија нето агрегатната заштеда и раздолжување на приватниот сектор, слабата побарувачка на странските пазар поради рецесијата во еврозоната и слабата конкурентност ја намали економската активност, со што Бруто домашниот производ (БДП) забележа пад од 1,8%, се вели во анализата на ХНБ.            
Слично

Поврзани вести