Хрватска во ЕУ, Србија со 15-километарска колона пред границата
Преминот на камиони од Србија во Хрватска на граничниот премин Батровци почна да работи, но транспортот преку преминот оди забавено. Камионите чекаа повеќе од 30 часа да влезат во новата земја-членка на Унијата.
Од српска страна на граничниот премин „Батровци-Бајаково" денеска имаше километарски колони поради технички проблеми со компјутерскиот систем на хрватска страна. Како што пренесуваат хрватските медиуми, ова се случило поради промените кои се внесоа по влегувањето на Хрватска во Европската унија. Во текот на ноќта на граничниот премин „Батровци-Бајаково", паднал компјутерскиот систем за шпедиција, па се создаде огромен ред за царинска контрола.
Проблемите со системот во меѓувреме се отстранети , но бидејќи камионите на границата не престануваат да доаѓаат, колоната останува и понатаму, на моменти долга до 15 километри. Во редот се построиле над 1 200 камиони.
За разлика од возачите на камиони, граѓаните во автомобили границата ја минуваат во просек зо 20 минути.
Слично
