Хрватска: Високи нивоа на тешки метали откриени во свеж зеленчук од Македонија
Во свежиот зеленчук од Македонија беа откриени високи нивоа на тешки метали и веднаш беше наредено да се уништат, пишува Даница.хр.
Тоа се свежи црвени феферони од Северна Македонија кои требаше да бидат увезени во Хрватска, но беа запрени на границата. По анализата на примерок, инспекторите наредија целата пратка да се уништи.
Фефероните имаа висока содржина на никел од 0,576 милиграми на килограм. А не треба да има ниту микрограм бидејќи никелот, како тежок метал, е исклучително штетен за здравјето на луѓето.
Сепак, ова не е единствената пратка зеленчук од Македонија што не помина добро на хрватската граница. Свежите црвени пиперки беа уништени и поради видливи органолептички промени, што значи дека станува збор за неисправна стока. Пиперките беа наменети за индустриска преработка во Хрватска.
Штетата врз сопствениците на свежи пиперки и црвени индустриски пиперки од Северна Македонија е значителна, пишува медиумот.
Foto: DANICA.HR / ILUSTRACIJA
