Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА УРИВА РЕКОРДИ: Денес над 7.000 заразени

ХРВАТСКА УРИВА РЕКОРДИ: Денес над 7.000 заразени

И Хрватска урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот. 

Во Хрватска денеска има дури 50 починати и 7.094 новозаболени со коронавирусот. 

Бројот на активните случаи во Хрватска сега е 31.789. Меѓу нив 1.786 пациенти се на болничко лекување, од тоа на респиратори се 234 пациенти.

Од 25-ти февраури 2020 година, кога во Хрватска е потврден првиот случај на зараза со коронавирусот, до денеска се забележани 497.168 лица заразени со новиот коронавирус, а 9.450 пациенти починале. Во самоизолација сега се 30.256 луѓе.

Инаку, Словенија воведува нови рестриктивни мерки од понеделник. 

Се скратува  работното време на кафеаните и се забранува собирање на луѓе кои не се членови на исто домаќинство.

Слично

Поврзани вести