Хрватска станува регионален енергетски центар?
Хрватска планира да стане регионален енергетски центар. Еден од начините е да биде изграден терминал за течен гас на брегот на островот Крк. Земјата се надева на поддршка од страна на САД за изградба на објектот, кој ќе ги прифати специјалните танкери кои превезуваат течен гас од различни држави.
Ова го соопшти претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ по средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден, пишува БТА.
Еден од изворите на течен гас е токму САД. Земјата е фокусирана кон отворањето на нови канали за снабдување со енергенси на Балканот, а целта е да се намали зависноста на регионот од руски гас, коментира Јосиповиќ.
Идејата за претворање на регионален енергетски центар ќе биде претставена за време на средбите на Јосиповиќ со претставниците на Petroleum Club во Хјустон.
Појавата на кризата во Украина ги разбуди апетитите на САД да стане извозник на суровина за Стариот континент. Во моментов во земјата има сериозна екстракција на шкрилци гас, кој ја покриваат домашната потрошувачка. Плановите сепак се до неколку години САД да се претвори и во извозник.
Реализацијата на овие планови сепак наметнува сериозни инвестиции и ќе потрае неколку години. Во САД на пример нема изградени инсталации за втечнување на гас. Според податоците на Bloomberg во моментов во САД има само еден објект - на ConocoPhilips во Аљаска. Фабриката сепак не работи од 2012 година наваму.
Недостасуваат и доволно терминали, од кои би стартувале танкерите со течно гориво кон Европа или која и да е друга точка во светот.
Островот Крк е еден од најголемите острови во Јадранското Море и е популарна туристичка дестинација.
К.К.
Слично
