ХРВАТСКА СОБОРИ НЕСЛАВЕН РЕКОРД: Неофицијално, денеска ќе објават близу 7.000 новозаразени
Хрватска вчера имала рекорден број дневни случаи, а се чини дека овој рекорд денеска ќе биде соборен. Имено, како што неофицијално дознава Индекс.хр, утрово денеска имаме речиси 7.000 нови случаи, поточно 6.932 нови случаи.
Денеска на прес-конференција Штабот ќе соопшти нови мерки.
Вчера таа земја имаше 6.310 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска беше вкупно 25.628. Од нив 1.680 пациенти се во болница, од кои 219 се на респиратор. Починаа 32 лица, извести Штабот.
Бројот на лица во самоизолација е 26.010.
Тестирани се 14.374, што значи дека речиси 44 отсто биле позитивни.
Слично
