Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска со меѓународна потерница ќе го бара Ивица Тодориќ

Хрватска со меѓународна потерница ќе го бара Ивица Тодориќ

Јавното обвинителство во Хрватска денеска распиша меѓународна потерница по тајкунот Ивица Тодориќ,  на кого му е изречена мерка притвор во негово отсуство. 

Тој е обвинет за незаконско присвојување на 189 милиони евра.

Се претпоставува дека најбогатиот Хрват е во Британија.

Заедно со Тодориќ, обвинети се и неговите синови Иван и Анте, како и 12 менаџери и ревизори на Агрокор. Судот сите ги пушти да се бранат од слобода, но побара притвор за Тодориќ. 

Хрватскиот претприемач Ивица Тодориќ благодарение на Агрокор го зазема третото место на топ-листата на хрватските профитери, пишуваа претходно хрватските медиуми. 

Слично

Поврзани вести