Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска со јавен долг од 24.2 милијарди евра

Хрватска со јавен долг од 24.2 милијарди евра
Јавниот долг на Хрватска, кон крајот на март, изнесувал 181.6 милијарди куни или 24.2 милијарди евра, што е 54.6 проценти од бруто домашниот производ. Аналитичарите на Хрватската народна банка, напоменуваат дека надворешниот и внатрешниот долг на државата во првите три месеци пораснал за 4.2 милијарди куни и очекуваат тој, до крајот на годината, да достигне 199 милијарди куни, односно 26.5 милијарди евра, што е скоро 60 проценти од БДП. Тие напоменуваат дека дефицитот, на почетокот на годината, државата главно го финансирала со издавање на трезорски записи, кредитни задолжувања во банката „Merrill Lynch“ и со издавање на обврзници на американскиот пазар за капитал во вредност од 1.5 милијарди долари. Во јуни, значителни ресурси за санација на здраствениот систем се набавувале по пат на кредит, а во вториот дел од годината издадени се домашни обврзници во износ од 2.8 милијарди куни и 750 милиони евра со валутна клаузула. Ако на тоа се додадат и потенцијалните долгови, преку државните гаранции од 11.7 проценти и долгот на Хрватската банка за обнова и развој од 4.9 проценти, вкупниот јавен долг се искачува на 70.2 проценти од БДП.
Слично

Поврзани вести