Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска смирува: Млеката имаат штетна супстанција, но во минимални количини

Хрватска смирува: Млеката имаат штетна супстанција, но во минимални количини
Млеката на хрватските производители „Дукат“ и „Виндија“ се повлекуваат од пазарите откако се утврди присуство на минимални повисоки концентрации на алфатокскинот М1. Овие производи ќе бидат повлечени и од македонскиот пазар. Кои се штетните млека? Министерството за земјоделство на Хрватска побара повлекување на трајното млеко на „Виндија" од 2,8 отсто масленост во пакување од 1 литар со рок на траење до 3.07.2013, како и на млекото од 2,8 отсто масленост од 1 литар со рок на траење до 24 односно 31 мај 2013. Исто така, ќе се повлече и трајното млеко на „Дукат", со масленост од 2,8 отсто во пакување од 0,5 литри со рок на траење до 24 јуни 2013 и трајното млеко „Лагано јутро" од 2,8 отсто масленост во пакување од 1 литар со рок на траење до 25 април 2013 година. Повисоката концентрација на оваа супстанција, штетна за луѓето е откриена по аларм од пазарот во БиХ.Потоа испитувања се направени во Хрватска, а примерок за потврда на наодот е пратен и во Виена, од каде се чекаат резултатите. Помали отстапки Утврдени се помали отстапки од дозволената концентрација на алфатоксинот М1, кај производителите „Виндија" и „Дукат", а производителите се запознати со тие наоди. Хрватското министерство ги повика граѓаните да ги проверат млеката во своите фрижидери и да ги фрлат доколку имаат некое од наброените. Министерството за земјоделство на Хрватска ги известува потрошувачите дека нема причина за загриженост, затоа што се работи за минимални отстапувања од пропишаните.
Слично

Поврзани вести