Хрватска се стресе, луѓето се плашат да не се повтори она што се случи во Петриња
Нови потреси има во Хрватска.
Два слаби земјотреси се забележани ноќеска во Хрватска. Едниот земјотрес бил со епицентар на островот Хвар, а другиот во подрачјето на Петрињa.
„Ноќеска во 02:02 часот сеизмографите во Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа умерен потес со епицентар 12 километри југоисточно од Макарска, во близина на Богомоље на Хвар. Магнитудата на земјотресот изнесуваше 3.3 степени по Рихтер, соопштија од Сеизмолошката служба.
Околу два часа подоцна следувал уште еден потрес на 11 километри западно од Петрињa. Јачината била 3 степени. Сепак, не е причинета посериозна материјална штета.
Оваа година на хрватско тло имаше многу потреси.
Слично
