ХРВАТСКА: Се повеќе работодавачи кои не исплаќаат плата!
Плати во Хрватска не исплатуваат вкупно 7413 работодавачи, кои вработуваат 25 845 работници, покажуваат ажурираните податоци на хрватската Даночна управа.
Овие податоци се однесуваат на период на пресметки на заработките од јануари до декември лани.
Статистичкиот преглед на даночните обврзници-работодавците, кои според достапните податоци не исплаќаат плата според објавениот попис, покажува дека плата не исплаќаат 6 164 правни лица, кои имаат 22 198 вработени, како и 1 249 физички лица со 3 656 работници, известува агенцијата Хина.
Објавата на пописот на работодавачи кои на работниците не им исплатуваат плата е овозможена во Хрватскиот закон за данок на доход.
Првиот попис на работодавачи кои не исплаќаат плата, хрватската Даночна управа го објави во средината на јули 2014 година и на него тогаш биле 7 038 работодавачи, наведува оваа хрватска агенција.
