Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска се откажа од винетките како такса за патарина

Хрватска се откажа од винетките како такса за патарина

Од најавеното воведување на винетки за наплата на патарини во Хрватска веројатно нема да биде ништо, пренесуваат тамошните медиуми.

Анализата покажала дека за Хрватска е подобро да го задржи постоечкиот систем на наплата со негови додатни подобрувања, нешто што го заговара и Европската унија

Уште донеодамна воведување на винетки за наплата на патарините на автопатишта изгледаше завршена работа. Еден од главните заговорници на новиот систем на наплата на патарините бил новиот-стар министер за сообраќај Олег Бутковиќ, кој овие денови ја смени плочата.

После анализата на трошоци и корист, преовладале аргументите против винетки па во иднина ќе се развива постоечкиот систем на наплата по принципот „колку возиш, толку плаќаш“. Тоа го потврил самиот министер и додал дека во овој момент најбиско решение е автоматизацијата на наплата, додека винетките се во втор план.

Автоматизацијата на наплата која ја споменува министерот Бтуковиќ подразбира понатамошно унапредување на постоечкиот систем, а во иднина воведување на напреден GPS систем на наплата.

Слично

Поврзани вести