Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во ЕУ се рециклира 40% од отпадот, во Македонија нуту процент

Во ЕУ се рециклира 40% од отпадот, во Македонија нуту процент
Во Европската унија во 2011 година рециклирани или компостирани се 40% комунален отпад, додека во Хрватска се рециклира 10% отпад, покажуваат податоците на Еуростат. Од земјите од регионот Македонија, Србија и БиХ 100% од отпадот го носат на депонии, односно не рециклираат ниту еден процент, а Турција рециклира само 1% од отпадот, пишува Хина. Најмногу комунален отпад по лице е произведено во Данска 718 кг, следат Луксембург, Кипар и Ирска од 600 до 700 кг по лице, Германија, Холандија, Малта, Австрија, Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија и Финска со од 500 до 600 кг, Грција, Португалија, Белгија, Шведска, Литванија и Словенија со од 400 до 500 кг, а помалку од 400 кг по лице е произведено во Унгарија, Бугарија, Романија, Латвија, Словачка, Чешка, Полска и Естонија. Во Хрватска во 2011 година било произведено 373 комунален отпад по лице, од кои 371 кг рециклирани најчесто во депониите. Отпадот во депониите најчесто оди во Романија 99%, Бугарија 94%, Малта 92%, Литванија и Латвија 99%. Хрватска исто така е високо на таа скала бидејќи на депониите има 92 отсто отпад. Во Белгија, Германија, Холандија и Шведска на депонии оди само 1 отсто отпад, а во Швајцарија помалку од 0,5 отсто. Методот на палење на отпад најмногу го користат Данска 54%, Шведска 51% и Белгија 42%, надвор од ЕУ Норвешка 57% и Швајцарија 50%, а под 0,5% отпад палат Бугарија, Естонија, Грција, Кипар, Литванија, Романија и Хрватска. Рециклирањето најчесто е во Германија 45%, Ирска 37%, Белгија 36%, Словенија 34%, Шведска 33%, Холандија 32% и Данска 31%, како и во Швајцарија 35%. Хрватска рециклира 8 отсто отпад, а во Романија рециклирање речиси и нема само еден отсто.    
Слично

Поврзани вести