Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА: Расте невработеноста, но и бројот на заболени од коронавирусот

ХРВАТСКА: Расте невработеноста, но и бројот на заболени од коронавирусот

Се зголеми невработеноста во Хрватска. 

Стапката на невработеност во земјата е највисока во изминатите 15 месеци и изнесува 9.5 отсто. 

Податоците на хрватската Служба за вработување покажуваат дека бројот на регистрирани невработени на крајот на мај изнесувал 157.839, што е за 1.395 лица (-0.9 отсто) помалку отколку во април, додека активното население било 1.664.801 лица и било за 22.127 помалку (-1.3 отсто).

Регистрираната стапка на невработеност претставува сооднос на бројот на невработени со активното население, така што горенаведената динамика на овие два индикатори последователно доведе до зголемување на регистрираната стапка на невработеност на месечна основа, се наведува во анализата.

Се зголемува и бројот на заразени од коронавирусот. 

Бројот на новозаразени во последните 24 часа е 95 лица, со што вкупниот број на заболени од новиот вирус се искачи на 2.483 лица.

Слично

Поврзани вести