Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска прогласи состојба на катастрофа, денеска има десетина потреси

Хрватска прогласи состојба на катастрофа, денеска има десетина потреси

Прогласена e катастрофа во Хрватска на подрачјата погодени од земјотресот. 

Владата прогласи состојба на катастрофа во две жупании кои се најтешко погодени во земјотресот од 6.2 степени. 

„Добивме информации од терен и низ системот за цивилна заштита за размерите на штетите и последиците на нормалното функционирање во животот. Уверени сме дека новата структура ќе помогне и на претставниците на подрачната и локалната самоуправа и координација“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Повредени се 24 луѓе, 18 се на болничко лекување, 6 се отпуштени. Повредени се и 4 пожарникари.  Премиерот повика на внимателност, бидејќи тлото и понатаму се тресе.

Денеска се регистрирани десетина потреси во Хрватска. 

Слично

Поврзани вести