Хрватска повторно бележи пад на потрошувачката на гас
Падот на потрошувачката на гас во Хрватска е видлив веќе трета година по ред, лани се потрошени само 2,82 милијарди кубни метри гас или 6 отсто помалку од 2011 година, изјавено е на 12 гасен форум во Загреб.
Иако помалку гас е потрошено и поради релативно топлото време, без екстремни студови, факт е дека индустријата веќе со години, од 2007 година троши се помалку гас.
Интересно е дека Петрохемија лани забележала пад на потрошувачката на гас за 6 отсто, токму на ниво на падот на национално ниво.
Слично
