Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска постави услови за Црна Гора, еве што треба да исполни ако сака во ЕУ

Хрватска постави услови за Црна Гора, еве што треба да исполни ако сака во ЕУ

Хрватска ја услови Црна Гора за влез во Европската Унија(ЕУ). 

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи вчера предупреди дека решавањето на отворените прашања меѓу Подгорица и Загреб е неопходно за Црна Гора да ги заврши пристапните преговори со Европската Унија, објави „Јутарњи“.

Оттаму нагласија дека начелото на добрососедски односи е еден од клучните политички критериуми во процесот на проширување на ЕУ.

Соопштението доаѓа еден ден по посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Загреб, а хрватското Министерство посочи дека ЕУ е многу јасна во „своите пораки дека не може и не сака да увезува билатерални спорови“ и дека затоа отворените прашања „мора итно да се решат“.

Министерството потсети дека Хрватска кон крајот на 2024 година го повторила повикот до Црна Гора за дијалог „со цел решавање на отворените прашања кои мора да се завршат за да не ја оптоваруваат клучната, завршна фаза од пристапниот процес“.

Меѓу отворените прашања што треба да се решат, хрватското Министерство ги наведе решавањето на имотно-правните прашања на хрватските семејства кои останале без имот во Црна Гора, продолжувањето на потрагата по 14 исчезнати луѓе од Татковинската војна и процесуирањето на воените злосторства.

Хрватска, исто така, бара продолжување на разговорите за морската граница и враќање на школскиот брод „Јадран“, за кој смета дека бил историски поврзан со Сплит, а денес е прогласен за културен симбол на Црна Гора.

Властите во Црна Гора имаат амбициозен план Подгорица до крајот на годинава да ги затвори сите преговарачки поглавја и во 2028 година да стане членка на Унијата.

Црногорската министерка за европски прашања, Маида Горчевиќ, минатиот месец изрази оптимизам за решавање на билатералните прашања.

Македонија пак се соочува со барање за уставни измени за да почне преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести