Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска попушти пред притисокот на ЕУ – ќе ги менува правилата за екстрадиција

Хрватска попушти пред притисокот на ЕУ – ќе ги менува правилата за екстрадиција
Хрватска вети дека ќе ги преправи своите закони за екстрадиција не подоцна од јануари следната година, повлекувајќи се под притисокот на ЕУ во спорот што ги помати нејзините први месеци од членството во ЕУ, објавија британски медиуми. Министерот за правда Орсат Милениќ, кој се наоѓа во Брисел за да го разгледа прашањето со претставници на ЕУ, изјави дека новите закони треба да соодветствуваат на сите барања на ЕУ. - Законот ќе влезе во сила што е можно побрзо, но најдоцна до 1 јануари 2014 година, изјави Милениќ. – Ние брзо ќе ги преземеме сите мерки со цел законот, безусловно, да го направиме соодветен со европскиот закон, додаде хрватскиот министер. Брисел се закани дека ќе запре дел од финансиската помош за Хрватска доколку Загреб не се придржува до стандардите за екстрадиција на осомничени криминалци во рамки на унијата.  
Слично

Поврзани вести