Хрватска под нов аларм: Најавена промена на времето, се заканува опасност од пијавици
После неколку претежно сончеви и врели денови, метеоролозите за скедниот период најавуваат нешто помалку топло време, пренесуваат хрватски медиуми.
Според прогнозата на Државниот хидрометоролошки завод, во неделата ќе преовладува како и досега - сончево, топло и спарно, но потоа од запад следи порст на облаците, а на северниот Јадран и во западната внатрешност мала е можноста за ретки, но изразени локални врнежи и грмотевици.
Ветерот послаб, на јужниот дел на Јадранот умерено западен и северозападен, а после пладне во најсеверните краеви умерен југозападен ветер. Највискота температура во главно помеѓу 29 и 34 °C.
Во понеделник се очекува променливо и нестабилно со дожд и врнежи со грмотевици. Врнежите ќе бидат најчести во средината на деновите во западните предели и на северниот и среден Јадран. На Јадранот југот ќе се зголеми. Многу топло, негде и спарно.
Метеоалармот за неделава за цела држава објави жолото предупредување поради надпросечно вискоите температури, додека за во понеделникот низ цела Хрватска важи жолта фаза пред се поради можноста од невреме со грмотевици. За Истра, Ријека и подрачјето на Дубровник предупредувањето е направено и поради опасноста од пијавици, додека за Славонија важи предупредување поради високи температури.
Жолта фаза значи дека времето е потенцијално опасно, иако временските прилики не се неопходно невообичаени, треба да се биде внимателен доколку се практицираат аактивности изложени на меторолошки појави.
