Хрватска: Ослободувањето на Шешељ е срамна одлука
Премиерот на Хрватска Тихомир Орешковиќ во четвртокот ја опиша како „срамна“ ослободителната пресуда против српскиот ултранационалист Воислав Шешељ по деветте обвиненија против него за дејствија од времето на Балканските војни 1990-тите, пренесоа хрватските медиуми.
„Пресудата е срамна. Тоа е пораз за судот во Хаг и обвинителството“, изјавил за новинарите Орешковиќ .
Во Трибуналот во Хаг „се појавиле двајца чесни судии, кои покажаа дека професионализмот и честат стојат повисоко од било кој политички притисок и го донесоа единственото можно решение“, изјави самиот лидер на Српската радикална партија Воислав Шешељ, цитиран од агенциите.
Тој ова го изјави во седиштето на неговата партија за време на прес-конференција по пресудата на МКТЈ, кој го ослободи од сите девет обвиненија. Сепак Шешељ истакна дека „неговото мислење за Хашкиот трибунал како антисрпски суд не е променето ни најмалку“.
