Хрватска одбила да прими назад 162 бегалци од Словенија
Хрватска го одбила барањето на Словенија да прифати назад на својата територија 162 мигранти, кои Љубљана планира да ги врати, бидејќи доаѓаат од чудни места, каде нема конфликт, соопштија хрватските полициски извори.
„Словенија побара да прифатиме 162 лица. Ние одбивме и ги информиравме соседите за одлуката“, изјави портпаролот на полицијата Домагој Дзигумович. Тој прецизира дека Словенија го упатила барањето во среда. Србија, која исто така е сосед на Хрватска веднаш го ограничи пристапот на своја територија на сириски, ирачки и авганистански мигранти кои доаѓаат од Грција.
Истовремено хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ, ги предупредил дека сите држави загрозени од имигрантскиот бран, треба да ги координираат активностите. Ако нема координација, може да има луѓе кои ќе останат „заглавени“ на патот кон новиот живот, изјавил Остојиќ.
