Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска нова дестинација за туристите од Скандинавија

Хрватска нова дестинација за туристите од Скандинавија
Аеродромот во Дубровник сруши нив рекорд по бројот на летови минатата година. Според објавените податоци, 2012-та е завршена со бројка од 4.033 реализирани летови, а за оваа година е најавено зголемување на 4.096 летови. Најголем раст се забележува на скандинавскиот туристички пазар. Оттука се очекува зголемување на  бројот на летови од овој дел на Европа за 43%. Скандинавската компанија САС ќе го поврзе Дубровник со Арланд, Копенхаген, Хелсинки, Осло и Берген. „Норвиџан Ер“ најави 122 летови од Осло кон Дубровник, а ќе лета и од Бергер, Трондхајм, Ставангер, Копенхаген и Стокхолм. Според досегашните најави „Норвиџан Ер“ кон Дубровник ќе лета 380 пати, што е значителен раст во однос на ланските 196 летови.
Слично

Поврзани вести