Хрватска: Невработени, здружете се!
Со здружување до самовработување, ова е новата мерка на храватското Министерство за труд која им помага на луѓето кои добиваат финасиски средства од заводот за вработување, пишува Јутани лист.
До сега луѓето кои не по своја вина остануваат без работа имале можност од Заводот да добијат еднократна помош за невработени со кои пари би започнале постапка за самовработување.
Сепак набљудивачите на пазарот увиделе дека постои посебен интерес во одредени професии, неколку невработени да ги здружат финасиските средства и да основаат заедничка компанија, што до сега не им било овозможено.
Такво здружување на пример е возможно при отворањето на градинки, игротеки, но и цел низ други професии.
- На невработените сега им овозможуваме субвеницијата која ја добиваат како подршка за самовработување да можат и да ја здружат во заедничка компанија, при што условот е една од лицата да има споственички удел од 25 посто. Секако на таа личност ние не и браниме во компанијата да вложи некој свои додатни средства, доклку ги има. Со оваа програма исто така е овозможено во тој нов субејкт да влезе и новата личност која во претходната компанија добила отказ и земала отпремнина, која може да ја вложи во новооснованото претпријатие, изјавила Татјана Далиќ вработена во министерството за труд.
Слично
