Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА-НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ: Загреб целосно под вода, поплави од библиски размери

ХРВАТСКА-НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ: Загреб целосно под вода, поплави од библиски размери

Делови од Хрватска синоќа беа зафатени од силно невреме, а посебно на удар беше главниот град, Загреб. Поројниот дожд предизвикал големи поплави, а хрватските медиуми пишуваат дека сообраќајот бил целосно парализиран, поради тоа што улиците практично и да не се гледале од водената стихија.

Бројни автомобили останале заробени под вода или биле целосно потопени. Поплавени биле и неколку куќи и објекти. Илјадници повици од граѓани биле упатени кон противпожарните служби, а активностите за расчистување траеле цела ноќ.

Иако од утринава состојбата е стабилизирана, на сила сè уште е предупредувањето за опасни временски услови, а за Загреб на сила е портокалово предупредување.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од поплавите, за кои граѓаните на Загреб велат дека биле со библиски размери.



Слично

Поврзани вести