Хрватска нема закон, над 15 милијарди долари илегално пренесени во странство
За една деценија од Хрватска биле илегално изнесени најмалку 15,2 милијарди долари, тврдат од американската невладина организација Глобал фајненшл интегрити.
Според финансиски експерти, станува збор за пари поврзани со разни криминални активности како корупција, организиран криминал, шверц, затајување данок и перење на пари, пренесе ХРТ.
Овие пари ќе останеле во Хрватска смо ако доколку државните институции си ја вршеле подобро работата и ако постоел закон, со кој се регулира конфискувањето илегално заработени пари и спречување тие да бидат изнесени во странство, велат од Глобал фајненшл интегрити.
Инаку Глобал фајненшл интегрити е програма на американскиот Центар за меѓународна политика, кој се занимава со истражување на илегалните движења на финансиски средства и препорачува мерки за борба против корупцијата.
Слично
