Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска најлошо рангирана во еврозоната по интензитетот на железничкиот промет

Хрватска најлошо рангирана во еврозоната по интензитетот на железничкиот промет
Cостојбата со хрватската железница е загрижувачка, објави Cветска банка во својот извештај, пренесува Дневник.хр. Железникиот промет е во пад, а Хрватска е меѓу најлошите земји од еврозоната по интензитет на железничкиот промет. Меѓу најлошите е и по продуктивноста на работници, како и по продуктивноста на вагони. од Cветска банка порачуваат дека државата мора попаметно да троши на железницата, а претпријатијата да работат поекономично. „Изминатите години, Владата даде двојно повеќе пари за оперативни трошоци на ХЖ, отколку за инвестиции. Финансиската ситуација во државата не е добра, па оттука немате доволно пари за инвестирање, што е лошо и за квалитетот на железницата и за економијата“ - изјавил Жан Франсоа Марти, автор на извештајот на Cветска банка.    
Слично

Поврзани вести