Хрватска на македонските професионални возачи ќе им издава долгорочни визи
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски соопшти дека во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.
„Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи.Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат“, објави тој.
Проблемот со транспортерите се провлекува веќе неколку месеци откако почна да се применува ЕЕС системот за земјите кои не се членки на унијата.
Слично
