Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска му забранува влез на Шешељ во наредните 20 години

Хрватска му забранува влез на Шешељ во наредните 20 години

Министерството за внатрешни работи на Хрватска по ослободителната пресуда за лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ во  Хаг, одлучи да му забрани влез во наредните 20 години.

Весникот Јутарњи лист пишува дека странците по закон можат да влезат во Хрватска, само ако не се закана за безбедноста и поредокот во државата. Забраната е донесена за Шешељ врз основа на Законот за странци.

Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска велат дека во 2015 година се изречени 1.436 решенија за протерување на странци и забрана за влез во земјата, за што се поведени 5 управни спорови.

Весникот потсетува дека Кристијан Кико Голубовиќ, познат криминалец од Белград сакал во 2009 година да дојде на натпревар во Сплит, на што доби порака дека ќе му биде забранет влез.

Од весникот пишуваат дека своевремено се спомнувало дека концерт ќе држи вдовицата на Жељко Ражњатовиќ Аркан, на која ѝ е порачано дека нема да ја помине хрватската граница.

Слично

Поврзани вести