Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска може да го воведе еврото до 2020 година

Хрватска може да го воведе еврото до 2020 година

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ очекува нејзината земјата да го воведе еврото како национална валута до 2020 година.

Во Хрватска, која е најновиот член на Европската унија, воведувањето на единствената валута е една од главните теми на спор меѓу претседателката Китаровиќ и премиерот Зоран Милановиќ.

Според државниот врв воведувањето на еврото во наредните пет години е од особена важност за хрватската економија.

Според Китаровиќ , исто така, подготовката на хрватската економија за решавачките предизвици, вклучувајќи и усвојување на единствената европска валута, бара зајакнатата соработка помеѓу работниците и работодавачите, но исто така и со инвеститорите, кои мора да бидат подготвени да инвестираат и во внатрешниот дел на земјата, а не само во туристичките летувалишта.

Слично

Поврзани вести