Хрватска: Мора да им помогнеме на Македонија и на бегалците
Хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусич повика за итна помош за Македонија, која се соочува со огромен бегалски бран.
„На Македонија и бегалците, кои се наоѓаат во пограничната зона меѓу Грција и Македонија, треба да им се помогне, и Хрватска ќе го стори тоа“, изјавила Пусич.
„Ние ќе го покренеме ова прашање за време на средбата за Западен Балкан во Виена во четврток. На неа ќе учествуваат уште Словенија, Австрија и Германија. Истото ќе го направиме и за време на министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург“ на 4 септември, појаснила Пусич.
Во исто време најтиражниот српски весник „Блиц“ денеска излегува на првата страница со следнiot наслов: „Додека Србија им помага на бегалците, другите (Македонија) ги претепуваат“. Во информацијата пишува дека македонската армија употребила солзавец и шок-бомби за да ги растера имигрантите.
Пред два дена на јужниот и северниот дел на Македонија беше прогласена вонредна состојба. Само за 2 месеци од соседна Грција во земјата пристигнале над 44 000 луѓе. Сите тие доаѓаат организирано со автобуси до граничниот премин Гевгелија.
