Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска меѓу 10-те најлоши економии

Хрватска меѓу 10-те најлоши економии
Британски Економист, попрецизно неговото консултантско оделенија Economist Intelligence Unit – EIU. Кое објавува редовно економско политички анализи за поединични држави, економски прогнози и трндови по индустрии, во ова априлско издание ја стави Хрватска меѓу десетте најлоши економии во светот во 2014-та година. Априлските прогнози, сеуште не се објавени на интернет страницата на EIU, но табелата на Твитер ја постави Роберт Алан Ворд, директор и уредник на ова оделение. Впрочем, Хрватска е најдобра од десетте најлоши: Неславната листа ја предводи Кипар, следна е Украина, Порто Рико, Либија, Централноафричката Република, Венецуела,Гвинеја, Аргентина и Барбадос. Ворд за Tportal.hr објаснил дека Хрватска на оваа листа ја сместиле: Фискалното штедење, високата невработеност,долговите, цврстите кредити(високите и растечки каматни стапки) и слабата конкуретност која го кочи растот.  Опоравување за оваа земја е предвидено во 2015-та година. Порталот пак потсетува дека индексот  за очекувањата за хрватската економија во следните шест месеци, кои го пресметува центарот за еропски и економски студии од Ересте Банка, падна во Февруари за 18,5 бодови на 5,8, најниско ниво од септември 2012-та. Индексот се базира на  анкета во која се вклучени експерти во финансиските пазари. Истражувањето го опфаќа регионот на Централна и Источна Европа, заедно со Хрватска, исто така, вклучувајќи ги Австрија, Чешката Република, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Турција. За разлика од Хрватска, полоши се очекувањата за Словачка и Унгарија  со пад на индекс од 14,3,, односно  13,5 поени. Најголеми подобрување  се регистрирани во Чешка, каде индексот се зголеми за 6,6 поени. K.K.  
Слично

Поврзани вести