Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска мака мачи со рекордната инфлација

Хрватска мака мачи со рекордната инфлација

Во Хрватска во октомври имало рекордна инфлација од 13,2 отсто, а најмногу поскапеле храната и пијалоците. 

На месечно ниво, цените најмногу пораснале, за 6,9 отсто, во групата облека и обувки. Цените во групите домување, вода, струја, гас и други енергетски групи од септември до октомври се зголемени за 2,8 отсто, а храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за еден процент. Транспортот е поскап за 11,5 отсто на годишно ниво. Во рестораните и хотелите цените поскапеле за 17,8 отсто на годишно ниво, во групата домување, вода, струја, гас и други енергетски производи цените пораснаа за 16,1 отсто, а мебелот и опремата за домаќинството поскапе за 15,8 отсто.  Во септември годинава, инфлацијата изнесуваше 12,8 отсто.

Стапката на инфлација во Европската Унија(ЕУ) има нов рекорд од 11,5 отсто на годишно ниво. Естонија има највисока инфлација од 22.5 отсто. Франција е во најдобра позиција со 7.1 отсто инфлација. 

foto freepik.com/Allexxandar

Слично

Поврзани вести