Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА ЛЕКАРКА КАЖА ДЕКА ПОЧИНАЛЕ ОСУММИНА ВАКЦИНИРАНИ СО ДВЕ ДОЗИ - директорот на Институтот и врати дека таа изјава е неодговорна

ХРВАТСКА ЛЕКАРКА КАЖА ДЕКА ПОЧИНАЛЕ ОСУММИНА ВАКЦИНИРАНИ СО ДВЕ ДОЗИ - директорот на Институтот и врати дека таа изјава е неодговорна

Хрватската лекарка инфектолог од КБ Дубрава, Николина Бучиќ вчера изјави дека починале осум пациенти кои примиле две дози вакцина против коронавирус.

„Имавме и смртни случаи меѓу нив. Овие се претежно пациенти со тешки коморбидитети и постара возраст. Најмладиот имаше 65 години. Вкупно осум беа починати меѓу оние кои примија две дози“, изјави Бушиќ за РТЛ.

Извештајот на Хрватскиот институт за јавно здравје, пак, вели дека ниту едно вакцинирано лице не починало од коронавирус. Првиот човек на Хрватскиот институт за јавно здравје, Мирослав Цапак ги коментираше изјавите на лекарката инфектолог на денешната прес-конференција.

„До вчера не добивме никакво известување од Дубрава за смртни случаи. Тоа е недозволиво и неодговорно. Ќе ве потсетам дека ХЗЈЗ објави податоци за пациенти и хоспитализирани кои биле вакцинирани со две дози, и тоа одамна. Ова се податоци до 19 мај. Проверивме денес, на тој датум немаме потврдено смрт кај вакцинирани лица. Се очекува да има луѓе кои починале од ковид и биле вакцинирани со две дози. Сега го анализираме и ќе излеземе со податоците “, рече Цапак.

Слично

Поврзани вести