Хрватска компанија ќе ја гради првата фаза од инвестицијата на „Алказар“ во Македонија
„Далековод“ д.д. ја известува инвестициската јавност дека инвеститорот АЛКАЗАР ЕНЕРЏИ, преку своите компании за посебна намена во Северна Македонија, по спроведена тендерска постапка, ја избра понудата на конзорциумот составен од „Далековод“ и „КОНЧАР“ д.д., по што беа потпишани договори за реализација на проектот за изградба на трафостаница и надземен вод (SS/DW) и проектот за изградба на ветерна електрана во Република Северна Македонија.
Вкупната вредност на договорот е 53,76 милиони евра и се однесува на реализација на проектот за изградба на трафостаница и надземен вод (SS/DW) и проектот за изградба на ветерна електрана во Република Северна Македонија.
Договорените работи вклучуваат изградба на првата фаза од ветерната електрана (вкупно 21 ветерна турбина со моќност од 6,25 MW) со планирана инсталирана моќност од приближно 131,25 MW, вклучувајќи ја трафостаницата „Балталија“ 400/35 kV и двоен надземен 400 kV далновод кој ќе биде поврзан со преносната мрежа на МЕПСО.
„Со овие договори, „Далековод“ д.д. и „Кончар“ д.д., заедно со докажани локални партнери, дополнително го зајакнуваат своето присуство на пазарот на Република Северна Македонија и регионот и ја потврдуваат својата експертиза во имплементацијата на сложени енергетски и инфраструктурни проекти, особено во областа на енергетската транзиција и обновливите извори на енергија“, објави компанијата.
