Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска компанија ќе ја оправа македонската администрација

Хрватска компанија ќе ја оправа македонската администрација
Загребската компанија „Кинг ИКТ“, во конзорциум со својата филијала во Скопје и компанијата „Активис“, потпиша договор со Министерството за информатичко општество за надоградба, одржување и поддршка системот за управување со документи, а во вредноста од 2,9 милиони евра, соопштија вчера од „Кинг ИКТ“. Конзорциумот во кој се „Кинг ИКТ“ и  „Активис“, победија на тендерот и потпишаа четиригодишен договор со македонското Министерство.  Задача на компаниите ќе биде да ја автоматизираат  и поедностават работата во администрацијата, а нивниот систем ќе се користи во дваесет владини институции, министерства и агенции или кај 10 000 корисници во Македонија. Како дел од договорот со „Кинг ИКТ“, со системот за електронско управување со документи  ке се овозможи ефикасност и транспарентност на институциите, велат од „Кинг ИКТ“. Во секое време министерот или друго одговорно  лице ќе бидат во можност од својот компјутер да следат како да се решава некој случај, кој работи на него и дали се почитуваат роковите, што треба да помогне во подобрување на квалитетот и побрзо решавање
Слично

Поврзани вести