Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ќе извлече половина милијарда за пругата до Белград

Хрватска ќе извлече половина милијарда за пругата до Белград

Хрватска планира да извлече околу половина милијарда евра од европските фондови за обнова на пругата Загреб-Белград што е еден од најважните инфраструктурни проекти за подобрување на врските со Србија.

Обновата на пругата на хрватска страна ќе биде целосно предводена од владата како и од министерот за транспорт Зоран Михајловиќ кој е планирано да ја посети владата во Белград за да разговараат конкретно за овој проект, како и за други инфраструктурни зафати што ќе значат многу за двете економии.

Хрватска и Србија како соседни земји имаат одредени недоразбирања поради турболентното минато, но кога е во прашање економската соработка утврдено е дека мора да се работи заеднички и да се аплицира до европските фондови за искористување на стотици милиони евра кои ќе бидат фантастична инјекција. 

Слично

Поврзани вести