Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ќе го воведе еврото кога ќе има конкурентна економија

Хрватска ќе го воведе еврото кога ќе има конкурентна економија
Потпретседателка на хрватската Влада, Весна Пусиќ изјави дека земјата ќе ја задржи куната како средство за плаќање и дека нема да го воведе еврото се додека земјата не стане конкуретна економија. - Европската монетарна унија воведува повисоко ниво на интеграција… а што се однесува на Хрватска тоа на дневен ред ќе биде по пет години. По влезот во ЕУ, Хрватска ќе ја задржи куната како средство на плаќање и нема да го воведеме еврото се додека не би имале конкурентна економија и додека не бидеме сигурни дека во тие услови можеме да просперираме, истакна  Пусиќ. Таа додаде дека треба да се оди полека, да има солидни подготовки и дури потоа да се преземат обврските. - Парите кои и се на располагање на Хрватска во седумгодишниот буџет се 15 пати повеќе од парите што земјата можеше да ги користи од претпристапните фондови, а не ги искористи оти не беше земја-членка, наведе Пусиќ.
Слично

Поврзани вести